
За првпат после 1980, односно после ЗОИ во Лејк Плесид, Русија стана олимписки првак во штафета во крос-кантри во машка конкуренција.
На денешната трка (4 × 10 км) во Пекинг, Русите (1:54,50,7) во потполност ги натскијаа своите ривали и истераа соло-настап во втората половина.
Во пресрет на последната измена, Норвешка, Шведска и Франција скијаа во иста група.
Сепак, накрај, Норвешка (+1:07,2) го замени златото од минатите ЗОИ со сребро, а Франција (+1:16,4) ја одбрани бронзата од Пјонгчанг 2018.
Составот на медалистите го сочинуваа:
- Русија (Алексеј Червоткин, Александер Болшунов, Денис Спитсов и Сергеј Устиугов)
- Норвешка (Емил Иверсен, Паал Голберг, Ханс Кристер Холунд и Јоханес Клебо)
- Франција (Ришар Жув, Иго Лапалу, Клеман Парис и Морис Манифика)




