
Со синоќешната победа од 1-2, Колумбус Блу Џекетс ја продолжија губитничката серија на актуелните вицешампиони, Мотреал Канадиенс, на девет врзани порази.
После само 76 секунди игра, Оливер Бјоркстранд им донесе почетно водство на Блу Џекетс, а на стартот на третиот период, Кол Кофилд израмни на 1-1.
Сепак, на осум секунди пред крајот, гостите од Охајо ги ,,украдоа” двата поени, откако триумф им донесе Патрик Лаине со тринаесеттиот гол во сезоната.
И покрај примените погодоци, одлична партија имаа и двајцата голмани, Самуел Монтембол (Монтреал) и Елвис Мерзликинс (Колумбус), со 40, односно со 30 одбрани.
Во Источната конференција, Колумбус го зазема десеттото место, додека Монтреал се наоѓа на самото дно.




