
За првпат во 2022, Бостон Бруинс завршија натпревар без постигнат погодок, откако синоќа загубија со 0-6 од Каролина Хурикејнс.
Во првата третина владееше недисциплинирана игра, со една физичка пресметка и со водство на гостите од 0-1, благодарение на Винсент Трочек.
Во вториот период, Хурикејнс целосно ја презедоа контролата и дојдоа до 0-4 што беше зголемено во третиот период за уште два гола разлика.
Стрелци за победничкиот состав беа Себастијан Ахо (х2), Андреј Свечников, Бред Пеш и Џордан Стаал.
Голман на Каролина беше Фредерик Андерсен, кој го запиша вториот шут-аут сезонава со 34/34 одбранети шутеви.
Во Источната конференција, Каролина изби на втората позиција, додека Бостон го зазема осмото место.




