Поминаа речиси единаесет години откако младиот гевгеличанец Иван Раденов триумфираше во првото и единствено издание на „Македонски идол“, реалното музичко шоу чија лиценца ја имаше тогашната „А1 телевизија“.
Пејачот веќе неколку години живее и работи во Белград, а пред некое време се пофали со една фантастична изведба на хитот од фимот “Toма” заедно со легендарната Ханка Палдум.



