Второто издание на „Трка на Поезијата„ во Струга е закажано за 22 Мај 2022 година, а организаторите од Спортски Мостови регистрациите за овој историски атлетски настан ги отвараат на 01 Февруари.
По успешното прво издание кое што во Струга блеснаа улиците обоени од различни атлетски клубови, професионалци и рекреативни организаторите со голема желба и интузијазам го најавија и ова второ издание под мотото „Трчаме Рецитираме“.
Драги пријатели, тркачи и љубители на трчањето.
Чест ни е да Ве поканиме да учествувате на второто издание на “Трка на Поезијата” кое ќе се одржи на 22 Мај 2022 година во Струга.
Оваа година за сите Вас подготвивме интересни пакети со надеж дека секој ќе може да се пронајде во некоја од понудените опции.Ќе може да се пријавите на трките од 5 км и 10 км, со опција за бирање на соодветен пакет. За прв пат оваа година нудиме опција за регистрација само со стартно бројче – стандард пакет и опција за регистрација со комплетен пакет (ранче, маица и поклони од спонзори).
Изборот е Ваш а обврската е наша. Која обврска? Обврската да организираме настан кој ќе остане запаметен по убавата енергија и насмевките изгравирани во мозаикот на прекрасниот град Струга.
Регистрација низ фази:
1. Фаза 01-28.02.2022
2. Фаза 01-31.03.2022
3. Фаза 01-30.04.2022
4. Фаза 01-17.05.2022
Посетете го нашиот портал, www.poetryrun.mk, и резервирајте го Вашето место за второто издание на Трка на Поезијата.Со почит,Спортски Мостови Струга.




