Неколку часа пред завршувањето на преодниот рок, рекордерот според бројот на настапи и постигнати голови во македонскиот фудбалски дрес Горан Пандев неочекувано ја смени клупската средина и потпиша за италијанскиот второлигаш Парма.Пандев (38) потпиша договор со Парма до крајот на сезоната и со тоа стави крај на шестгодишниот престој во редовите на калчолигашот Џенова.




