
Во дербито на дваесеттото коло од грчката Супер лига, Олимпијакос успеа да избори реми од 1-1 во Солун против ПАОК.
Во динамичен и тензичен меч, двете првопласирани екипи на табелата ги затресоа мрежите во финишот на првото полувреме.
Најпрво, ПАОК поведе со автоголот на Усејну Ба (42′), а само две минути подоцна Соареш Тикињо (44′) го постави конечниот резултат.
Во вториот дел, домаќинот беше за нијанса поистакнат на зелениот тревник, а шанса за победа имаше Теохарис Цигарас, кој ја затресе пречката во 53. минута.
Олимпијакос сè уште нема пораз во досегашниот дел од сезоната и се наоѓа на првото место со девет бодови предност во однос на денешниот ривал.




