
Овогодинешното издание на Германскиот Мастерс во снукер го донесе најмладото финале на рангираните турнири после 2006, кога се соочија Нил Робертсон и Џејми Коуп.
Имено, денешните финалисти, Кинезите Жао Чинтонг (24) и Јан Бингтао (21) имаа комбинирана возраст од само 45 години.
Постариот играч, Чинтонг, дојде до втората рангирана титула во својата кариера во само второто одиграно финале, откако славеше над својот сонародник со убедливи 9-0.
Воедно, ова беше само втор финален меч на рангираните турнири во историјата во кој учествувале двајца Кинези: првото датира од 2013, кога Динг Џунхуи и Чиао Гуодонг ги одмерија силите на Шангај Мастерс.
Освен Бингтао, новиот шампион елиминира уште четири противници, односно Марк Вилијамс (5-3), Том Форд (5-1), Џад Трамп (5-1) и Рики Волден (6-3).




