Фановите го избраа “Ол-стар” тимот на Европското првенство во ракомет кое се игра во Унгарија и Словачка.
Место во „Ол-стар“ тимот најдоа голманот на Исланд, Виктор Халгримсон, потоа левото крило Милош Вујовиќ (Црна Гора), левиот бек Микел Хансен (Данска). Холанѓанецот Лук Стеинс е најдобарсреденбек, најдобар десен бек е Матијас Гидсел од Данска, најдобро десно крило е Шпанецот Алеиш Гомез, додека најдобар пикер е Јоханес Гола (Германија).
За најкорисен играч (МВП) е прогласен Швеѓанецот Џим Готфридсон, додека неговиот репрезентативен колега Оскар Бергендал го доби признанието за најдобар дефанзивец.




