
Во рамките на дваесеттото коло од грчката Супер лига, Астерас Триполис славеше над Панатинаикос со минимални 0-1.
За гостите, кои важеа за аутсајдери, ова беше прва победа на стадионот ,,Апостолос Николаидис” во новиот милениум.
Истата беше добиена со голот од пенал на Херонимо Баралес (84′), кој го постигна третиот погодок во сезоната.
Во моментот кога Аргентинецот го постави конечниот резултат, неговиот тим имаше играч помалку на теренот, откако десет минути претходно, втор жолт картон доби Хуан Мунафо.
Панатинаикос имаше шанса да избегне пораз, но голот на Аитор Канталапиедра (90+1′) во судиското продолжение беше поништен со ВАР поради офсајд.
На табелата, составот од Атина остана на четвртото место, дозволувајќи му на Астерас да дојде до петтата позиција со само бод заостаток.




