Македонскиот интернационалец Иван Тричковски постигна нов погодок за АЕК Ларнака во ремито (1-1) против Анортозис во првенството на Кипар. Тоа беше јубилејниот 10-ти гол сезонава во кипарскиот шампионат за нашиот фудбалер.
Тричковски стрелаше во 52.минута за водство на својот тим, но Новотни успеа да израмни во 70.минута и му донесе бод на Анортозис. Со својот десети гол сезонава, Тричко изби на врвот на листата на стрелци во Кипар пред Берат Садик од Докса кој има девет гола.




