
Вториот носител на тековниот Австралијан Опен, Александер Зверев, доживеа пораз во осминафиналето и отпадна од првиот грен-слем во годината.
Германецот, денес, во ,,Маргарет Корт Арена”, беше поразен од Денис Шаповалов со 3-0 (6-3, 7-6 (7-5), 6-3).
Со третата победа на четирите последни меѓусебни пресметки, Шаповалов стана првиот Канаѓанец, кој изборил четвртфинале на Австралијан Опен.
Мечот траеше вкупно 144 минути, а во непарните сетови, на канадскиот претставник му беше доволен само еден брејк за водство, односно за триумф.
Во втората партија и на двете страни беа загубени по два гема на противнички сервис, но во тај-брејкот, Шаповалов ја одбрани својата предност.
Во наредната фаза, Шаповалов ќе се соочи со Рафаел Надал, кој го победи Адријан Манарино со 3-0.



