
Во рамките на Светскиот куп во ски скокови, како замена за јапонскиот Сапоро, беше одржано денешното натпреварување во Титизее-Нојштадт (Германија).
Истото заврши со триумф на домашниот натпреварувач, Карл Гајгер, кој славеше со скоковите од 132 и од 141 метар и го презеде првото место во генералниот поредок.
Втората позиција ја зазеде лидерот после првата серија, Анже Ланишек, а подиумот го комплетираше Маркус Ајзенбихлер.
Словенците беа одлични после првата серија со дури пет претставници во првите осум, но сите од нив, со исклучок на шестопласираниот Цене Превц, го влошија својот пласман.
Помеѓу подиумот и Цене Превц завршија Халвор Егнер Гранеруд и Рјоју Кобајаши, а помеѓу најдобрите десет се најдоа уште: Ловро Кос, Штефан Лаје, Константин Шмид и Јан Херл.




