
Новиот освојувач на Светскиот куп во спринт, Волфганг Киндл, денес стана и нов европски шампион.
Киндл (2:10,246) беше најбрз на последната трка од сезоната, одржана во Ст. Моритц (Швајцарија), која воедно беше и ново Европско првенство во санкање.
Со европски вицешампионски наслов се закити најдобриот Летонец во 2021/22, Кристерс Апарјодс (+0,021), а третопласиран беше Австриецот Нико Глајршер (+0,300).
Минатогодишниот светски првак, Феликс Лох (+0,365) беше четврти, а пласманот во првите петмина го комплетираше Јонас Милер (+0,410).
Освојувач на кристалниот глобус, односно првопласиран во Светскиот куп, е Јоханес Лудвиг, кој денес заврши на единаесеттото место, кое беше доволно за заверување на шампионската круна.




