Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум за вториот дел од сезоната во Првата лига, се засили со Па Омар Џобе и Сава Радиќ.
Напаѓачот Па Омар Џобе доаѓа на шестмесечна позајмица од тимот на Шкендија, а пристигна во Струга како дел од трансферот на Клисман Цаке, додека десниот бек Сава Радиќ потпиша двегодишен договор и доаѓа од редовите на Академија Пандев.




