
Втората рунда од тековното издание на Австралијан Опен донесе спектакуларен меч, во кој, Данил Медведев го порази Ник Кирјос со 3-1.
По сетови, резултатот изнесуваше 7-6 (7-1), 6-4, 4-6 и 6-2 во корист на рускиот тенисер, а воедно и еден од главните фаворити за титулата, после забраната на Новак Ѓоковиќ.
Во првиот сет, двајцата ривали направија по еден брејк, а откако Кирјос поведе со 1-0 во тај-брејкот, Медведев поврза седум поени.
Во втората партија, Австралиецот го загуби последниот гем на свој сервис за дефицит од вкупни 2-0, но во третиот сет, предизвика делириум во ,,Род Лејвер Арена” со неверојатните потези и со намалувањето на 2-1.
Сепак, во последниот сет, Русинот го потврди својот квалитет и со два брејкови му нанесе пораз на домашниот натпреварувач.
Во третата фаза, Медведев ќе игра против Ботик Ван Де Зандшулп, кој ,,профитираше” од повредата на Ришар Гаске.




