Новата сезона во СЕХА лигата ќе има десет учесници од седум различни земји. Најдобрите македонски тимови Вардар и Еурофарм Пелистер и оваа година ќе бидат дел од СЕХА лигата.

Еурофарм Пелистер ќе биде дел од групата А каде ќе игра против ППД Загреб, Татран Прешов и Партизан. Во оваа група како носител е поставен Веспрем, кој директно обезбедува пласман во четврт-финалето.
Вардар ќе биде дел од групата Б каде ќе игра против Мотор Запорожје, Нексе и Војводина. Во оваа група како носител е поставен Мешков Брест, кој директно обезбедува пласман во четврт-финалето.




