Битолчанката Марија Груевска која публиката ја памети по одличниoт настап во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ има нова песна „Горим сва“.
Во овој проект покрај нејзиниот сакан партнер Синиша Стојаноски со кој беа снимени жешките сцени беа вклучени и други нејзини блиски луѓе. Музиката е на Зоран Грујовски Текстот го напиша нејзиниот татко Душко Груевски, додека Зорја Пајиќ, исто така поранешна учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, пееше придружни вокали.




