
Во увертирата на 22. коло од англиската Премиер лига, најголемите ривали, Брајтон и Кристал Палас, ги поделија бодовите со ремито од 1-1.
За двете екипи, ова беше 29. меѓусебен нерешен исход на вкупно 109. издание на ,,А23 Дерби” во историјата.
Водство на Кристал Палас му донесе Конор Галагер (69′) со единствениот шут во рамките на голот на Роберт Санчез.
После енормниот пресинг во завршницата, Брајтон успеа да ги израдува своите навивачи, откако Јоаким Андерсен (87′) постигна автогол после уфрлувањето на Нил Мопе.
Уште во првото полувреме, Брајтон беше на чекор до водство во два наврати, но Паскал Грос (38′) промаши пенал, а Мопе (40′) постигна гол, кој беше поништен со ВАР поради фаул.
На табелата, Брајтон ја зазема осмата, а Кристал Палас – единаесеттата позиција со четири бодови заостаток во однос на денешниот ривал.




