
Екипата на Ники Волос не знае за пораз на меѓусебните дуели со АО Трикала уште од 18 април 2010, кога загуби со 0-2.
Победничката низа на клубот од Волос продолжи и денес, откако, во тринаесеттото коло на грчката Супер лига 2, Ники ја совлада Трикала со 3-0.
За домаќините, двоен стрелец беше Пасхалис Касос (13′, 78′), кој се запиша во листата на стрелците за првпат сезонава.
Освен грчкиот фудбалер, за Ники стрелаше уште Кристос Циорас (89′), оставајќи ги трите поени на стадионот ,,Пантесаликос”.
Со вториот лигашки триумф во низа, Ники Волос изби на шестото место во северната дивизија, спуштајќи ја Трикала на деветтата позиција.



