
Во првиот меѓусебен домашен меч после 11 декември 2019, ЛА Кингс ги поразија Њујорк Ренџерс со 3-1.
На почетокот на втората третина, Кингс дојдоа до предност од 2-0 со два брзи погодоци, кои беа дело на Филип Дано и на Блејк Лизот.
Кон средината на третиот период, Мика Зибанеџад стрелаше за преполовување на резултатскиот дефицит на гостите.
Заостатокот од еден гол ги натера ,,Ренџерите” да играат со играч повеќе во поле, но ризикот се покажа како неуспешен бидејќи Адријан Кемпе ја искористи празната мрежа, погодувајќи за 3-1.
Со новите два поени, Кингс скокнаа на седмото место на Западот, додека Ренџерс ја заземаат четвртата позиција во Источната конференција.




