
Филаделфија 76ерс дојдоа до седмиот последователен триумф, откако синоќа ги надиграа Хјустон Рокетс со 91-111.
76ерс рутински ја оправдаа фаворитската улога, поведувајќи уште во првата четвртина и уживајќи двоцифрено водство во поголемиот дел од натпреварот.
Единствениот кошаркар со дабл-дабл учинок беше Андре Драмонд (13 поени и 10 скокови), а поефикасен од неговите соиграчи беше само Џоел Ембиид со 31 кош.
Од составот на Рокетс, помеѓу двајцата поентерски најрасположени играчи на Филаделфија се пласираа Џејлен Грин и Кристијан Вуд со 14, односно Џош Кристофер со 13 поени.
На Западот, Хјустон (11-31) го зазема последното место, додека Филаделфија (23-16) е петтопласиран тим во Источната конференција.




