
Во третата рунда од овосезонското издание на ФА Купот беа изведени неколку сензации.
Најголемата од нив ја приреди Кидерминстер, кој како шестолигаш го елиминира второлигашот Рединг со пресврт од 2-1.
Освен популарните Хариерс, изненади и Кембриџ Јунајтед со победата од 0-1 над Њукасл, како и петтолигашот Борам Вуд, кој го порази третолигашот Вимблдон со 2-0.
Речиси сите натпревари од третата рунда завршија денес што беше главна причина за извлекување на паровите од 1/16-финалето.






