Јулија Таубитц го зголеми своето водство во генералниот поредок на Светскиот куп во санкање, откако триумфираше по четврт пат во сезоната на вкупно осмата трка.
Германката (1:53,167) беше најбрза на домашен терен во Винтерберг, иако после првото санкање се наоѓаше на четвртото место.
Втората позиција ја зазеде лидерката после првата серија, Натали Гајзенбергер (+0,241), која стигна до третиот подиум во 2021/22.
Најниското место на пиедесталот и’ припадна на Маделен Егле (+0,256), која беше дури седумнаесетта после првиот дел.
Во продолжение, под шест десетинки доцнеа Ана Берајтер (+0,275), Самер Бричер (+0,507), Хана Прок (+0,527), Елиза Тирума (+0,529) и Елина Иева Витола (+0,560), а без пласман остана Дајана Ајтбергер.



