
За првпат во 2021, Мајами Хит, на домашен терен, ги поразија Индијана Пејсерс, откако синоќа триумфираа со 125-96.
Пејсерс беа резултатски конкурентни само во првата четвртина, а во останатиот дел од мечот, Хит имаа двоцифрена предност, која се искачи и до максимални +33.
Победничкиот состав израмни и еден рекорд на франшизата со најмногу уфрлени тројки на еден натпревар (22).
Од редовите на Мајами, во отсуство на Џими Батлер и на Бам Адебајо, најефикасни беа Тајлер Херо и Данкан Робинсон со по 26 поени, а Кајл Лоури направи дабл-дабл од 11 скокови и од 12 асистенции.
Од противничкиот табор, по 17 кошеви уфрлија Крис Дуарте и Керис ЛеВерт.
Во Источната конференција, Мајами (19-13) го зазема четвртото место, додека Пејсерс (13-19) се тринаесетти.



