
Во дванаесеттото коло од турската одбојкарска Ефелер лига, Халкбанк ја запиша дванаесеттата победа и остана како единствен непоразен тим во тековната сезона.
На денешната средба, одбојкарите од Анкара победија со 3-2 против незгодниот состав на Аркасспор.
По сетови, резултатот гласеше 21-25, 23-25, 25-16, 25-20 и 18-16.
Аркас покажа подобра игра во првите два сета, особено во завршницата, кога го сврте резултатот во своја корист.
Сепак, во наредните две партии, Халкбанк решително нападна кон освојување на два бода што кулминираше со подобро снаоѓање во трилерот на петтиот сет и со комплетирање на пресвртот.
Од домашниот состав, 26 поени имаше Рамос Фернандо Хернандез, а уште 15 додаде Николас Бруно.
Кај гостите, Хозе Да Силва беше најефикасен со 27 поентирања, а по него следуваа Николас Хоуг (18) и Мирза Лагумџија (12).
На табелата, Халкбанк остана осамен на врвот, додека Аркас го зазема петтото место.



