
Австриската натпреварувачка, Марита Крамер, ја запиша четвртата победа во сезоната, односно третата во низа, откако беше најдобра на второто натпреварување во Клингентал, Германија.
Крамер го имаше најдолгиот скок во првата серија од 137 метри, кој и’ донесе голема предност во однос на вториот дел и речиси сигурно ја остави на челото на генералниот поредок.
Второто место го зазеде Норвежанката Силје Опсет, која се пласираше веднаш зад Крамер и на двете изданија во Клингентал.
Единствена промена во однос на вчерашниот подиум беше Катарина Алтхаус со пласманот на третата позиција по вторпат сезонава.
Четвртото место го освои најодликуваната скокачка, Сара Таканаши, која прескокна неверојатни 140 метри во втората серија и ја остави зад себе Словенката Урша Богатај.
Веднаш зад Богатај следуваше Даниела Ирашко-Штолц, а зад неа се пласира словенечкото трио – Ема Клинец, Ника Крижнар и Шпела Рогељ.



