Македонската кошаркарска репрезентација денес го игра вториот натпревар од квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.
Натпреварот помеѓу селекциите на Украина и Македонија е закажан за денес понеделник (29 ноември) од 19 часот по локално време (18 часот по средноевропско).
Двете репрезентации претрпеа порази во првите дуели од „Г“ квалификациската група. Во Скопје, Македонија загуби од Шпанија, а Украина од Грузија на гостински терен во Тбилиси.



