Тимот на Холабрун, на македонски интернационалци Никола Костески и Влатко Митков, се пласира во осминафиналето од Купот на Австрија откако славеше на гостински терен кај Воитсберг со 21-29.
Костески постигна 5 гола од 5 обиди, додека Митков беше стрелец на 3 погодоци од 3 обиди.



