Кошаркарската репрезентација на Македонија со пораз 65:94 од актуелниот шампион Шпанија ги започна квалификациите за пласман на Светското првенство кое ќе се игра 2023 година.

Поразот е очекуван од велесила како Шпанија, но радува блесокот на 17-годишниот Тeo Симиќ кој беше најефикасен на мечот со 18 поени и 2 скока.
Во второто коло кое се игра на 29 ноември, Македонија ќе и гостува на Украина која претходно загуби од Грузија со 83:88.



