понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Кошарка

Николовски: Јас отсекогаш сум стоел на располагање за репрезентацијата

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
ноември 22, 2021
📁 Кошарка

По пауза од неколку години, Кирил Николовски е одново во комбинација да го облече „црвено-жолтиот“ дрес. Се чини во вистински момент е неговиот „кам-бек“ во националниот состав, особено ако се земе в предвид дека на тимот кој за ноемврискиот ФИБА „прозорец“ го одбра селекторот Драган Бајиќ му е, и тоа како потребен играч од таков профил.

Една „подвижна четворка“ со одличен шут од далечина, кој отвара и други комбинаторики за стручниот штаб во пресрет на почетокот на квалификациите за Светскиот Куп 2003. Односно дуелите против селекциите на Шпанија на 26. ноември во Скопје, и на Украина, три дена подоцна во Киев.

По пауза од повеќе од четири години, Николовски е дел од нашата најдобра селекција. Неговиот последен меч за сениоорите беше уште во август, 2017 година, на гостински терен во Талин, против Естонија?

„Веројатно тој период ќе беше и пократок, но летоска поради приватни обврски морав да го одбијам повикот да се вратам во националниот тим. Јас отсекогаш сум стоел на располагање кога е во прашање играњето за репрезентацијата. Па еве ме тука на првиот тренинг во ‘Јане Сандански’ “ – вели нашиот искусен кошаркар.

Веројатно посебно предизвик и за Николовски е играњето во светските квалификации, и вакви натпревари, како на пример оној во петок навечер, против актуелниот светски шампион – Шпанија?

„Свесни сме за тоа, огромен предизвик за сите нас кои се собравме тука, е да се обидеме да дадеме максимум од своите можности. До каде ќе нè доведе тоа во еден ваков натпревар, ќе видиме. Имаме неколку дена за одработување.

Што може да се очекува од овој меч? Реално, и искрено посакувам да се ‘потрошиме’, да одиме до крајот. Да видиме колку навистина сме подготвени да играме против, освен САД, веројатно и најдобрата европска репрезентација во овој момент. Освојувач на светското злато, без оглед на имињата во ростерот кој е најавен за нивното гостување во Скопје“.

Не би требало да има некои проблем, со оглед на тоа дека добро се познаваш со најголем дел ид играчите кои се на подготовките за овие две средби од квалификациите.

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

„Па не, иако излегува дека сум меѓу оние најискусните во ростерот. Секако дека добро се познаваме, овен тоа имаме големи мотиви. Но ќе повторам за мене е најважно да дадеме се од себе. Лично, би сакал добрата форма од натпреварите во домашниот шампионат да ја пренесам на теренот во овие два натпревари. Да помогнам колку што можам. Искрено, не би имал ништо против да имаме една победа во овие два натпревари кои се пред нас“– дополнува Николовски за официјалната страница на kfsm.mk.

ShareTweet
Претходна вест

Бабиќ: Ќе дадеме сè од себе да оствариме победа

Следна вест

(Видео) Мајка мечка и две мали мечиња снимени на Шар Планина

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

ЈУНИОРКИТЕ НА СТРУГА 2009 ПОРАЗЕНИ ВО КАВАДАРЦИ
Кошарка

ЈУНИОРКИТЕ НА СТРУГА 2009 ПОРАЗЕНИ ВО КАВАДАРЦИ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
09/Ное/2026
Кадетките на Струга 2009 славеа во Езерското дерби
Кошарка

Кадетките на Струга 2009 славеа во Езерското дерби

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Окт/2026
ДВОЈНА ПОБЕДА ЗА СТРУГА 2009! КАДЕТКИТЕ И ПИОНЕРКИТЕ УБЕДЛИВИ ПРОТИВ КИЧЕВО!
Кошарка

ДВОЈНА ПОБЕДА ЗА СТРУГА 2009! КАДЕТКИТЕ И ПИОНЕРКИТЕ УБЕДЛИВИ ПРОТИВ КИЧЕВО!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Окт/2026
ПЕХАРИТЕ ЗА ДОМАЌИНОТ! Струга 2009 славеше на домашниот турнир
Кошарка

ПЕХАРИТЕ ЗА ДОМАЌИНОТ! Струга 2009 славеше на домашниот турнир

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Сеп/2026
Следна вест

(Видео) Мајка мечка и две мали мечиња снимени на Шар Планина

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.