
Откако Стивен Џерард го наследи Дин Смит на клупата на Астон Вила, шкотските шампиони, Ренџерс, останаа без тренер една недела.
Сепак, денес, клубот од ,,Ајброкс”, официјално го назначи заменикот на англиската легенда.
Станува збор за поранешниот холандски репрезентативец, Џовани Ван Бронкхорст, кој и како фудбалер ги бранеше боите на шкотскиот великан од 1998 до 2001.
Освен за Ренџерс, Ван Бронкхорст настапуваше за уште четири екипи, односно Фејеноорд, Ваалвајк, Арсенал и Барселона.
Својата тренерска кариера ја започна токму во матичниот клуб, Фејеноорд, а последниот ангажман го имаше во кинеската Супер лига како предводник на Гвангжу Р&Ф.
,,Јас сум многу возбуден и горд што се враќам во Ренџерс како нивен нов тренер. Одвај чекам да ве запознаам сите.” – напиша на својот официјален Твитер профил 46-годишниот Холанѓанец.



