
Хокеарите на АК Барс Казањ ја запишаа третата последователна победа, славејќи со 1-3 против Динамо Рига.
Гостите од Источната конференција ја ,,завршија работата” уште во првата третина, после која водеа со недостижни 0-3.
Стрелци за победничкиот состав беа три различни играчи, односно Артјом Лукојанов, Стивен Кампфер и Џордан Вил.
Во третиот период, претставниците на Летонија успеаја само да го ублажат поразот со дебитантскиот гол во КХЛ на Мет Лорито.
Освен головите, мечот беше одбележан и со тепачката помеѓу Никита Динјак и Карлис Куксте кон крајот на првиот дел, во која безмалку ќе беше изведен двоен нокаут.
И покрај победата, АК Барс остана на четвртото место на Истокот, додека Динамо е десетти во Западната конференција.



