
За првпат после 20 ноември 2018, односно после четиринаесет меѓусебни порази, Нефтехимик Нижнекамск успеа да го совлада Автомобилист Екатеринбург.
Имено, во воведниот денешен термин, Автомобилист ја продолжи својата негативната серија со поразот од 3-4 во ,,Уралец Арена”.
Во првата третина, Булат Шафигулин стрелаше за 0-1 во корист на гостите, а за ,,Црвените” израмни Рајан Спунер после една и пол минута.
Вториот период беше клучен за Нефтехимик поради фактот дека после четириесет минути игра, водеше со 1-3, благодарение на Ансел Галимов и на Јегор Попов.
Претставниците на Екатеринбург доминираа во третиот дел со однос на шутеви од 19-5, но не успеаја да ја анулираат својата негатива.
Во последните девет минути од мечот, Сергеј Шумаков и Стефан Да Коста ја затресоа мрежата на Александер Судницин, а Сергеј Купцов погоди на спротивната страна.
Со новите два поени, Нефтехимик дојде на само бод заостаток во однос на денешниот ривал со тоа што ја зазема осмата позиција во Источната конференција.



