Македонските ки-боксери се вратија со четири медали од Европското WАКО првенство во конкуренција на јуниори кое изминативе денови се одржа во Будва, Црна Гора.

Сребрен медал освои Миа Тодорова , додека Горјан Ристевски, Олгица Орешкова и Силвио Мировски се закитија со бронзи. Туркер Исмаил поради повреда настаната на квалификациите не успеа да се пласира во мечевите за борба за медал.



