Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски и репрезентативецот, Енис Барди на официјалната прес-конференција во пресрет на натпреварoт против Ерменија ги споделија своите очекувања за мечот во Ереван од квалификациите за СП 2023.
Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:
„Сметам дека не очекува одличен натпревар. Двете селекции имаат свои шанси за второто место, а победа е опција и за нас и за Ерменија. Ова ќе биде многу поразличен меч од тој во Скопје. На домашен терен ја имавме доминацијата, но сега очекувам сосема поразличен дуел, отворен на двете страни, затоа што победата е важна за двете селекции. Се разбира дека отсуствата поради повреди на играчи од калибар како Адеми и Барди, а сега и Стефан Ристовски, Ракип, Јаховиќ и Николов ни создаваат проблеми. Но, сигурен сум дека сите оние што ќе настапат ќе го дадат максимумот на овој натпревар. Има влијание тој недостаток, особено што не можам да сметам на сите играчи од средниот ред. Македонија е во фаза на создавање на тим и ни треба костурот на селекцијата во наредните четири години. Но, сега не се откажуваме и секоја шанса за тоа второ место ќе се обидеме да ја искористиме“
„Проблемот со реализацијата е зад нас, секогаш гледаме на следниот предизвик и работиме во тој правец. Сѐ што сме замислиле се надевам дека ќе го пренесеме на терен и ќе направиме сѐ што е во наши можности да победиме. Спортски е да се надеваш дека ќе победиш, за тоа и работиме, но сконцентрирани сме исклучиво на нашата игра и што да направиме на теренот, за сѐ во функција за успех на крајот.



