Екипата на РК Струга стигна до втората победа оваа сезона откако славеше на гостувањето против РК Скопје со 29:32 (полувреме 12:15).
Бобан Блажески со 7 гола и Петар Маркоски со 6, беа најефикасни кај победникот, додека на голот како по обичај блескаше Никола Матовиќ. Кај домаќините Александар Василевски со 8 гола беше најпрецизен.



