
Во рамките на единаесеттото коло од тековната сезона на италијанската Серија А, Наполи ги одмери силите на гостински терен со најголемиот ривал – Салернитана.
Иако се оддалечени само 54 километри, двете екипи се соочија за првпат после 2009, а исто така заедно членуваат во италијанската елита после сезоната 1947/48.
Во меѓусебните дуели, Наполи е далеку поуспешен ривал, а денешната победа од минимални 0-1 ја потврди оваа слика.
Тензичноста во дербито беше ,,зачинета” со два црвени картони во интервал од седум минути и на двете страни.
Кај домаќините ,,поцрвене” Григорис Кастанос (70′), додека Наполи ќе биде во посериозен проблем, откако суспензија доби Калиду Кулибали (77′).
Пред двете дисциплински казни, гостите од Неапол постигнаа погодок преку Пјотр Зиелински (61′) за задржување на првото место на табелата.
Од друга страна, Салернитана лошо ја започна сезоната и ја зазема претпоследната позиција со само седум поени.
Во дербито, македонскиот интернационалец, Елиф Елмас, доби прилика да одигра триесет минути, заменувајќи го Хирвинг Лозано.



