
Динамо Москва испушти шанса да го задржи чекорот со водечкиот тим на Западот, СКА Ст. Петербург, откако загуби од Динамо Рига со 4-1.
Овој пораз, втор меѓусебен во последните единаесет средби, го остави тимот од Москва на третото место во Западната конференција.
Од друга страна, Динамо Рига, по серијата од четири порази, го задржа десеттото место во истата група.
На мечот, домаќините поведоа преку Оскарс Цибулскис, а до крајот на првата третина, Динамо Москва израмни преку првиот гол на Антон Ведин во новата средина.
Во вториот период, Цибулскис повторно ја затресе мрежата на дебитантот Иван Кулбаков за ново водство на летонскиот тим, а во третиот дел стрелаа уште Гинтс Меија и Лаурис Дарзинс.
Освен головите, мечот ќе остане запаметен и по ,,гнасниот” потег на Ралфс Фрајбергс (Динамо Рига), кој со коленото го фаулираше Владислав Јефремов и доби тешка дисциплинска казна.



