
Во деветтото коло од ВМФЛ Исток, Кожуф го избори третото овосезонско реми, откако одигра нерешено со 1-1 против Осогово.
Во дуелот на двете ,,планини”, домаќините од Гевгелија во потполност ги надиграа гостите од Кочани.
Сепак, резултатот, во 79. минута, го отвори Кристијан Антонов, кој стрелаше за 0-1 во корист на Осогово.
Десет минути подоцна, ,,сино-жолтите” останаа со десетмина на теренот, откако втор жолт картон во рок од краток временски интервал доби Марио Крстов.
Неговите соиграчи не успеаја да се изборат со играчкиот дефицит што резултираше со израмнувачки погодок на Кожуф, односно на Христијан Бејков, во последната секунда од натпреварот (90+4′).
Со поделбата на бодовите, Осогово остана на шестото, а Кожуф на седмото место со два поени заостаток во однос на денешниот ривал.



