
За првпат после 2013, односно за третпат во својата историја, Трентино ќе се обиде да ја освои круната на италијанскиот одбојкарски Супер куп во машка конкуренција.
Во денешното полуфинале, претставниците на Тренто славеа над Перуџа со убедливи 3-0 или по сетови 25-21, 25-21 и 25-23.
Одбојкарите на Анџело Лоренцети доминираа во речиси сите сфери на статистиката во текот на вкупните 87 минути игра.
Од победничкиот состав, двоцифрени беа дури пет играчи, односно Марко Подрашчанин (10), Среќко Лисинац (10), Алесандро Микиелето (10), Даниеле Лавија (11) и Матеј Казијски (15).
Кај Перуџа, чијшто тренер е Србинот Никола Грбиќ, најефикасни беа Вилфредо Леон и Метју Андерсон со 16, односно со 10 поени.
Во утрешното финале, Трентино ќе ги одмери силите со Монца, која претходно изненадувачки славеше над домаќинот на турнирот, Лубе, со 1-3.



