
По дебитантскиот пораз во првиот ден, новајлиите Сиетл Кракен ја остварија и дебитантската победа во НХЛ, надигрувајќи ги Нешвил Предаторс со 3-4.
Во четвртата минута од мечот, Предаторс поведоа преку Еели Толванен, а до крајот на првата третина, Џеред МекКен и Брендон Танев, со по еден пауер-плеј погодок, направија пресврт.
Во меѓувреме, пред гостинот да го израмни резултатот, на ледената плоча имаше физичка пресметка помеѓу Јаков Тренин (Нешвил) и Винс Дан (Сиетл), која резултираше со дисциплинска казна од две минути и за двата хокеари.
Во втората третина, Роман Јоси и Александер Венберг стрелаа по еднаш и на двете страни за задржување на предноста од еден гол во корист на Кракен.
Третиот период се играше со голема тензија, а Сиетл, преку вториот гол на мечот на Танев, стигна до водство од 2-4, кое на четириесет секунди пред крајот беше намалено од Микаел Гранлунд за поставување на конечниот резултат.
За Нешвил, ова беше прв меч во новата сезона, додека Сиетл, после две одиграни пресметки, има една поведа и еден пораз.



