
Единствениот четврт-финален дуел од тековната МЛБ сезона што беше решен после ,,мајсторка” го одиграа Сан Франциско Џајантс и ЛА Доџерс.
Двата ривали од Калифорнија беа воедно и најуспешни екипи во Националната лига после регуларниот дел, а нивниот двобој заврши со 3-2 во корист на Доџерс.
Синоќа, актуелните шампиони, во решавачкиот дуел, ги поразија противниците од Сан Франциско со резултат од 1-2 и останаа во игра за одбрана на тронот.
Нивниот меч беше вистинска пресметка на фрлачите, кои доминираа и на двете страни во речиси секој ининг.
Кај Џајантс, стартерот Логан Веб освои седум страјк-аути за седум периоди, додека кај Доџерс, сите шест фрлачи исфрлија најмалку по еден удирач со три употребливи топки.
Од поентерите, Муки Бетс и Џастин Тарнер освоија по четири бази за Доџерс, а хоум-ран за домаќините запиша Дерин Раф.
Во полуфиналниот дуел, претставниците на Лос Анџелес ќе ги одмерат силите со тимот на Атланта Брејвс што воедно е реприза на полуфиналето од минатата сезона.



