Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ е разочаран од играта на неговите ракометари против Монпелје во Лигата на шампионите.
Ние потфрливме, Вардар не личеше на екипата од првите три кола, во ниту еден сегмент не му париравме на противникот. Целиот тим потфрли, ќе мора да го анализираме овој меч, да го најдеме проблемот за лошата игра и да продолжиме понатаму, сезоната е долга.
„Искрено среќен сум што денес не игравме со Бутел, затоа со ваков меч и од Бутел ќе изгубевме. Не дека го потценувам Бутел, но со она што го правеа нашите бекови, техничките грешки, промашените шутеви и слично, ќе загубевме од било која македонска екипа“.



