Ракометарите на Вардар го доживеаја првиот пораз во Лигата на шампионите откако во четвртото коло од групата А во СЦ „Јане Сандански“ беа надиграни и загубија од Монпелје со 25:31.
Тимур Дибиров со седум постигнати голови и Жереми Тото со 6 гола беа најдобри во Вардар, додека кај Монпелје блескаше голманот Бонефо кој имаше 11 одбрани, а во нападато одлични беа Бос и Вилемино со по 7 постигнати голови.
Пред почетокот на натпреварот уште еднаш и беше оддадена почит на поранешната вардарка Јулија Николиќ која вчера ненадејно почина од срцев удар.



