
Хокеарите на Металург Магнитогорск изгледаат незапирливо, особено после тринаесеттата победа во низа.
Имено, ,,Лисиците” од Источната конференција денес го надиграа составот на Сочи со резултат од 3-1.
Заклучно со втората третина, домаќините имаа предност од 2-0, стекната со головите на Андреј Чибисов и на Николај Голдобин.
Во третиот дел, Богдан Јакимов погоди за намалување на дефицитот на Сочи, а конечниот резултат го постави Чибисов, со својот втор денешен погодок, односно 51. во дресот на Металург, на празна мрежа на тринаесет секунди пред крајот.
Заклучно со оваа средба, Металург го држи првото место на Истокот, додека Сочи е последна екипа на Западот.



