Холабрун на Влатко Митков и Никола Костески загуби на гостувањето кај Леобен со 31-29 во рамките на Австриската Челинџ Лига (втора лига).
Никола Костески беше втор стрелец во својот тим со 6 гола сите од игра и одлична игра во одбраната во текот на целиот меч. И на овој натпревар недостигаше повредениот Влатко Митков.



