Бутел славеше со многу мака победа на гостувањето кај Радовиш со 21-22 во шестото коло од македонската Суперлига откако во последниот напад за гостите погоди десниот бек Денис Тот.
Марко Митев со 8 гола беше најдобар кај гостите, додека Здравко Постолов и Александар Вујниќ со по 6 гола беа најпрецизни во Радовиш.



