Во возбудлив меч, исполнет со резултатски и играчки пресврти, Пелистерци го победија бранителот на титулата, МЗТ Скопје Аеродром со (82:79)

Кошаркарите на Пелистер стигнаа до првата победа во сезоната. Ја почнаа како што и не можеа подобро да посакаат, против шампионот, МЗТ Скопје Аеродром, против екипата со која и оваа сезона ќе се борат за трофеите.Во доста интересни 40.минути, исполнети со доста промени на водството, на крајот, слават битолчани.



