
Адмирал Владивосток го оствари само вториот триумф во новата КХЛ сезона, притоа прекинувајќи ја низата од четири последователни порази.
,,Жртва” на хокеарите од крајниот исток беа Торпедо Нижњи Новгород, кои загубија со 2-1.
После првите две третини, екипите покажаа изедначена игра со по 23 шутеви и на двете страни, но сепак без голови.
Во третиот период, Адмирал стекна водство преку Динар Хамидулин, а само две и пол минути подоцна, со вториот гол на вториот врзан меч, Теодор Ленстром израмни на 1-1.
Швеѓанецот од Торпедо беше единствен играч на мечот што успеа да го матира голманот Никита Серебрјаков, кој одигра солидна партија со 32/33 одбранети шутеви (96,97%).
На пет минути до крајот на натпреварот, победничкиот гол за Адмирал го постигна Артјом Гарејев, кој по вторпат сезонава се запиша во листата на стрелците.
Непосредно по натпреварот, Адмирал беше единаесетти на Истокот, додека Торпедо ја заземаше деветтата позиција на Западот.



